Ердоган: Нашите национални интереси ќе ги браниме со дијалог, блага сила, но и со вистинска сила

Претседателот Ердоган истакна дека Турција ќе ги брани своите национални интереси, кога ќе биде потребно со дијалог, со елементи на блага сила, со принудни инструменти на дипломатијата, но кога ќе биде потребно со користење и на вистинска сила

1248760
Ердоган: Нашите национални интереси ќе ги браниме со дијалог, блага сила, но и со вистинска сила

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на 11. Амбасадорска конференција во Претседателскиот комплекс во  Претседателската палата Куллијето во Бештепе, во Анкара, каде што даде значајни пораки во однос на низа прашања, меѓу кои во врска со прашањето со Сирија истакна дека наскоро ќе се премине кон различна фаза во процесот кој што е започнат со операциите Еуфратски штит и Маслиново гранче во северниот дел на оваа земја. 

Ердоган рече: „Ние апсолутно ќе ги браниме нашите национални интереси, кога ќе биде потребно со дијалог, со елементи на блага сила, со принудни инструменти на дипломатијата, но кога ќе биде потребно со користење и на вистинска сила. Процесот кој што го започнавме (во Сирија) со операциите Еуфратски штит и маслиново гранче, Иншаллах (со Аллахова помош и поддршка) наскоро ќе го ставиме во различна фаза.“

Велејќи дека се очекува од Соединетите Американски Држави (САД) како НАТО сојузник и стратешкио партнер на Турција да фрлаат чекори кои што ќе му доликуваат на еден вистински сојузник, претседателот Ердоган рече: „Турција не може да се чуствува себе си безбедна се додека не биде елеминирана структурата која што се проширува на нашата јужна граница како клетките на ракот и која е зајакнета со тешкото вооружување на нашите сојузници.“

„Не постојат никакви конкретни податоци за тоа дека С-400 би можеле да им наштетат на НАТО и на Ф-35. Никој никого да не мами“, порача Ердоган и напомена дека се очекува од Америка да фрли јасни чекори како по прашањето на екстрадицијата на челниците на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), така и по прашањето на престанување со активностите за наоружување на терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор се осврна и на прашањето со членството на Турција во Европската унија (ЕУ) во врска со што рече „Доколку ЕУ скала да стане глобален актер, првенствено треба да ја придобие Турција“ и додаде дека членството на Турција не треба да се жртвува за страстите на само неколку земји.

Во однос на борбата против сепаратистичко-терористичката организација ПКК пак, Ердоган рече: „Ние сме одлучни да го откинеме и исфрлиме од ирачките територии главниот чир наречен ПКК.“ 

Ердоган во врска со купените противвоздушно одбранбени ракетни системи С-400 од Русија рече: „Турција во врска со својата безбедност по прашањето на С-400 не направи стратешки туку комерцијален избор. Она кое што ја принуди нашата земја на овој избор е бескомпромисниот став на нејзините сојузници.“

Освен тоа претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор истакна дека формирањето и признавањето на независната и суверена држава Палестина со главен град Источен Ерусалим во границите од 1967 година, веќе не претставува избор, туку задолжителност.  

 



Слични вести