Украинскиот претседател Зеленски на 7 и 8 август ќе престојува во посета на Турција

Според објавеното соопштение од прес центарот на кабинетот на претседателот на Украина, Зеленски на 7 и 8 август (среда и четврток) ќе престојува во официјална посета на Турција во чии рамки најпрвин во Анкара ќе се состане со претседателот Р. Т. Ердоган

1248066
Украинскиот претседател Зеленски на 7 и 8 август ќе престојува во посета на Турција

Украинскиот претседател Владимир Зеленски оваа недела ќе престојува во официјална посета на Турција каде што ќе се состане со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Според објавеното соопштение од прес центарот на кабинетот на претседателот на Украина, Зеленски на 7 и 8 август (среда и четврток) ќе престојува во официјална посета на Турција во чии рамки најпрвин во Анкара ќе се состане со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Потоа Зеленски во Истанбул ќе се состане со патријархот на грчката православна црква во Фенер Бартоломеј.

Инаку, украинскиот претседател Владимир Зеленски веднаш по изборот за претседател во април беше на одмор во познатото туристичко одморалиште Бодрум кај градот Мугла. 

Партијата на Зеленски „Слуги на народот“ на одржаните предвремени парламентарни избори минатиот месец освои 43,16 отсто од гласовите на укранските бирачи и излезе како прва партија од изборите.



Слични вести