Во Анталија соборен уште еден рекорд од аспект на посетеноста

Со раст од 15,19 отсто градот го посетија 2 милиони 601 илјада 928 туристи и тоа претставува рекорд на месечно ниво на сите времиња

1246707
Во Анталија соборен уште еден рекорд од аспект на посетеноста

Бројот на посетителите на Анталија во првите седум месеци од годинава изнесува 8 милиони 193 илјади 924 лица.

Валијата на Анталија Мунир Каралоглу во пораката преку профилот на социјалните медиуми рече дека само минатиот месец, со раст од 15,19 отсто градот го посетија 2 милиони 601 илјада 928 туристи и тоа претставува рекорд на месечно ниво на сите времиња.

Валијата Каралоглу додаде дека бројот на посетителите на Анталија во првите седум месеци од годинава со раст од 15,96 отсто достигна 8 милиони 193 илјади 924 лица. Им благодарам и им честитам на сите за придонесот.



Слични вести