Започна состанокот на Врховсниот воен совет

Состанокот на Врховниот воен совет се одржува под претседателство на претседателот Ердоган

1246216
Започна состанокот на Врховсниот воен совет
YAS anitkabir.jpg

Состанокот на Врховниот воен совет се одржува под претседателство на претседателот на државата Реџеп Тајип Ердоган.

Членовите на Врховниот воен совет пред состанокот, го посетија мавзолејот на Ататурк, основоположникот современа Република Турција каде што положија цвеќе и му оддадоа почит.

Нешто потоа членовите на Врховниот воен совет заминаа за претседателскиот дворец.

На состанокот кој е затворен за печатот учествуваат потпретседателот на државата Фуат Октај, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, министерот за правда Абдулхамит Ѓул, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, министерот за трезор  финансии Берат Албајрак, министерот за образование Зија Селчук, началникот на ГШ генерал на армија Јашар Ѓулер, командантот на копнените сили Умит Дундар, командантот на поморските сили адмиралот Аднан Озбал и командантот на воздушните сили генерал на армија Хасан Ќучукакјуз.



Слични вести