Ердоган оствари телефонски разговор со кралот Селман

Ердоган на разговорот на кралот Селман му изрази сочувство по повод смртта на постариот брат Бендер Бин Абдулазиз.

1245898
Ердоган оствари телефонски разговор со кралот Селман
johnson-erdogan.jpg

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со саудискиот крал Селман бин Абдулазиз.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Управата за комуникации при претседателството беше истакнато дека Ердоган на разговорот на кралот Селман му изрази сочувство по повод смртта на постариот брат Бендер Бин Абдулазиз.

На разговорот беа разменети мислења во врска со односите меѓу двете земји и регионалните прашања.

Од друга страна пак претседателот Ердоган оствари телефонски разговор и со британскиот премиер Борис Џонсон.

Ердоган на Џонсон му честита за изборот за премиер на Британија.

Ердоган на разговорот истакна дека Турција и Британија се значајни стратешки партнери и изрази убедување дека уште повеќе ќе се развијат односите меѓу двете земји во новиот период.



Слични вести