Операција на ТВС врз ПКК во руралното подрачје Чинар кај Дијарбакир

Во операцијата беа уништени вооружени позиции, упоришта, засолништа и складишта за муниција

1245284
Операција на ТВС врз ПКК во руралното подрачје Чинар кај Дијарбакир

Во операцијата на Турските вооружени сили (ТВС) врз сепаратистичко-терористичката организација ПКК во руралното подрачје Чинар кај Дијарбакир беше неутрализиран еден терорист.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за внатрешни работи беше истакнато дека во руралното подрачје Чинар кај Дијарбакир беше реализирана внатрешно безбедносна операција.

Во операцијата беше неутрализиран еден терорист.

Борбата против тероризмот продолжува и надвор од земјата.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за национална одбрана беше истакнато дека во координација со операцијата Канџа беше извршена и воздушна операција на подрачјата Зап и Метина на северот на Ирак.

Во операцијата врз сепаратистичко-терористичката организација ПКК беа уништени вооружени позиции, упоришта, засолништа и складишта за муниција.



Слични вести