Ерен: „Граѓаните имаат целосна доверба во сите информативни вести на ТРТ“

Како јавни радиодифузери имаме голема одговорност за пренесувањето на точни и доверливи вести

1244955
Ерен: „Граѓаните имаат целосна доверба во сите информативни вести на ТРТ“

Генералниот директор на Турската радио телевизија (ТРТ) Ибрахим Ерен рече дека Турскиот народ има голема доверба во информативни вести кои се емитуваат од страна на ТРТ.

Ибрахим Ерен учествуваше на 5-от Глобален информативен форум на Азиско-пацифичката радодифузна унија (АБУ), кој се одржа под покровителство ТРТ во Истанбул.

Ерен кој истовремено е и потпретседател на АБУ рече дека на Форумот учествуваат над 120 претставници од 35 земји.

Потенцирајќи дека годинашнава тема на форумот беше „Доверба и точноста на информациите и информативното емитување “ Ерен во продолжение рече:

„Во својство на јавен радидифузен сервис и предводници на главните медиуми, имаме голема одговорност за воспоставување на довербата, која денес претставува едно од најголемите прашања. Бидејќи гледачите имаат можност за пристап до илјадници извори на информации, исто така само на социјалните медиуми имаат можност да видат над стотина вести и информации. Во последно време на дневниот ред се повеќе се изнесуваат голем број „fake news“ (лажни вести) како што се познати во меѓународната арена. Затоа како јавни радиодифузери имаме многу поголема одговорност во пренесувањето на точните и доверливи информации“.

Ерен рече дека информативниот канал ТРТ Хабер над една година се наоѓа меѓу првите од аспект на гледаноста на вести и информативните програми. Нашиот народ има целосна доверба во сите вести кои ги емитуваме. Ние како ТРТ вложуваме максимални напори за пренесување на точните вести  , поради што многу внимаваме на контролата на секоја вест и евентуалните грешки во веста. Имено секој ден емитуваме стотици, неделно илјадници информации. Контролирањето на сите овие информации навистина е тешка и макотрпна работа.

Многу брзо се трошат информациите, бидејќи скоро секоја вест старее. Тоа пак ја отежнува нашата работа. Затоа мораме  напорно да работиме за да можеме да ги проследиме актуелните и точни вести и информации.

Од последните случувања имавме можност да видиме дека доверливоста на изворот има големо значење.за да се биде новинар,  Верувам дека големо значење има повторниот избор на гледачите на информативните извори како и нивното точно определување, особено прифаќањето на истите откако претходно добро ќе се истражат и утврдат “ рече Ерен.



Слични вести