Ердоган: „Го подржуваме зајакнувањето на тројната соработка меѓу Турција, Малезија и Пакистан“

Отворање Генерален конзулат на малезија во Истанбул, ќе биде од голема корист за развојот на соработката меѓу двете земји

1242996
Ердоган: „Го подржуваме зајакнувањето на тројната соработка меѓу Турција, Малезија и Пакистан“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека ќе продолжиме со поддршката на напредувањето на процесот на тројната соработка меѓу Турција, Малезија и Пакистан.

По тет-а тет средбата со сомалискиот премиер Махатир Мухамед кој престојува во официјална посета на Анкара и претседавањето со преговорите меѓу делегациите, на заедничката прес конференција Ердоган рече на вчерашните разговори размениле мислења во врска со можностите за преземање заеднички чекори во својство на две стратешки земји членки на Д8 за унапредување и развој на соработката.

Надоврзувајќи се на одлуката на Малезија за отворање генерален конзулат во Истанбул, Ердоган рече дека овој чекор ќе биде од голема корист за развојот на соработката меѓу двете земји.

Претседателот Ердоган рече дека во рамките на развојот на партнерскиот секторски дијалог со Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија АСЕАН (Филипините, Малезија, Тајланд, Индонезија, Сингапур), односите и соработката со Малезија имаат посебно значење.

Гледано од аспект на Палестинското прашање, кризата во Рохингја и непријателството против исламот, споделуваме заеднички ставови. Затоа уште повеќе ќе ја унапредиме соработката со малезија во однос на овие прашања. Исто така ќе продолжиме со поддршката на процесот на трилатералните преговори за соработка меѓу Турција, Малезија и Пакистан кои започнаа на предлог на премиерот Махатир.

Постои голем трговски потенцијал меѓу Турција и Малезија кој се очекува да биде вреднуван“ рече Ердоган.

Пред заедничката прес конференција, претседателот Ердоган на премиерот Махатир му врачи Орден на републиката.



Слични вести