Во 2017 година 29 807 Турци добија државјанство на ЕУ

825 447 лица во 2017 година добија државјанство на земјите членки на ЕУ

Во 2017 година 29 807 Турци добија државјанство на ЕУ

Земјите членки на ЕУ во 2017 на 29 807 турски граѓани им дадоа државјанство на ЕУ.

50,2 отсто од Турците добија државјанство на Германија.

Европската агенција за статистика (ЕУРОСАТ) ги објави податоците за доделување на државјанството од страна на земјите членки на ЕУ.

Според овие податоци, 825 447 лица во 2017 година добија државјанство на земјите членки на ЕУ. Италија со 18 отсто е земја која додели најголем број државјанства на странските граѓани. По Италија со 15 отсто следува Велика Британија, со 14 отсто Германија и Франција. Шведска и Шпанија со 8 отсто се земји кои доделија најмал процент на државјанство.

Според податоците, 29 807 Турци во 2017 година добија државјанство на земјите членки на ЕУ. 50,2 отсто од Турците кои се стекнаа со државјанство на ЕУ добија државјанство на Германија,  17.9 отсто на Франција, 10 отсто на Холандија, 5,3 на Британија, 16,6 на другите европски земји.

Најголем процент на државјанство на ЕУ добија Мароканците со 8 отсто, Албанците 7 отсто и Турците и Индијците со по 4 отсто.



Слични вести