Повик од Мицотакис до Ердоган за фрлање на храбри чекори во грчко-турските односи

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис упати повик до претседателот Ердоган за заземање на заеднички став со кој што ќе бидат фрлени храбри чекори во правец на грчко-турските односи

Повик од Мицотакис до Ердоган за фрлање на храбри чекори во грчко-турските односи

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис говореше пред пратениците на пленарната седница на Парламентот на која се дискутираше за владината програма.

Мицотакис упати повик до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за како што рече "заземање на заеднички став со кој што ќе бидат фрлени храбри чекори во правец на односите со Турција".

Велејќи дека посакуваат да напредуваат во правец на меѓународното право и пријателската соработка, стоејќи притоа далеку од реториката со гнев, Мицотакис рече: "Го повикувам претседателот Ердоган за заеднички приод со кој што ќе фрлиме храбри чекори."

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис својот говор го продолжи со следните зборови: "На оваа географија живееме заедно. Непотребните тензии и трката во наоружување ги изоставува и двете земји од нивните драгоцени извори. Тие би можеле да се искористат во полза на нашите земји."



Слични вести