Трамп ги покани водечките републикански сенатори на средба во врска со Турција и С-400

Американскиот претседател Доналд Трамп ги покани водечките републикански сенатори на средба во врска со Турција и ракетниот систем С-400

1239204
Трамп ги покани водечките републикански сенатори на средба во врска со Турција и С-400

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп ги покани во Белата куќа водечките републикански сенатори за разгледување на прашањето со Турција и противвоздушно одбранбените ракетни системи С-400.

Во веста објавена во американскиот весник "Вашингтон пост" ослонувајќи се на двајца функционери од чија страна се организира овој стастанок, се истакнува дека веројатно се планира средбата да се одржи во вторник, во 16:00 часот по локално време.

Американскиот претседател Доналд Трамп во својата последна изјава завчера по прашањето со Турција, ги нагласи грешките на управата на Барак Обама во врска со Турција.

Трамп исто така кусо време пред оваа негова изјава на едно поставено прашање од видот "Дали ќе воведете санкции кон Турција?" одговори со зборовите "Не. Моментално не го разгледуваме тоа." 

Во соопштенијата објавени од Белата куќа и Пентагон завчера беше истакнато дека поради С-400 Турција веќе не може да е дел од проектот на борбениот авион Ф-35 и дека заедно со тоа САД се уште им придаваат мошне голема вредност на стратешките односи со Турција.



Слични вести