Порака од претседателот Ердоган по повод 20 јули: Кипарските Турци се неделив дел на турскиот народ

Претседателот Ердоган истакна дека оние кои се во илузија да ја променат вистината дека кипарските Турци се неделив дел на турскиот народ, порано или подоцна ќе сфатат дека водат залудни обиди

Порака од претседателот Ердоган по повод 20 јули: Кипарските Турци се неделив дел на турскиот народ

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, по повод 20 јули Празникот на мирот и слободата 45. годишнината од мировната операција на Кипар, испрати  порака до претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи.

Ердоган истакна дека оние кои се во илузија да ја променат вистината дека кипарските Турци се неделив дел од турскиот народ, порано или подоцна ќе сфатат дека водат залудни обиди.

Претседателот Ердоган во својата порака напиша: "Оние кои мислат дека богатствата на островот и регионот им припаѓаат само ним, пред себе ќе ја најдат одлучноста на Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК)."

"Турција ја реализира мировната операција со цел да се одбранат правата и интересите на турскиот народ на Кипар, како еднакви сопственици на островот Кипар. Целиот свет ја гледа нашата одлучност по ова прашање и денеска. Кога станува збор за животот и безбедноста на кипарските Турци, никој не треба да се сомнева во тоа дека доколку затреба турската армија ќе ги преземе истите чекори кои што ги презеде и пред 45 години. Оние кои се во илузија да ја променат вистината дека кипарските Турци се неделив дел на турскиот народ, порано или подоцна ќе сфатат дека водат залудни обиди." - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата порака што ја испрати до претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи, по повод 20 јули Празникот на мирот и слободата, 45. годишнината од реализираната мировна операција на Кипар.



Слични вести