Фатен главниот извршител на вооружениот напад врз турскиот дипломат во Ербил, во Ирак

Од страна на Дирекцијата на полицијата на Регионалната курдска управа на Ирак е соопштено дека е фатен главниот извршител на вооружениот напад врз турскиот дипломат на задача во Генералниот конзулат на Турција во градот Ербил

Фатен главниот извршител на вооружениот напад врз турскиот дипломат во Ербил, во Ирак

Регионалната курдска управа на Ирак (IKBY) соопшти дека е фатен терористот по име Мазлум Даг, извршителот на нападот во кој беше убиен турскиот дипломат на задача во Генералниот конзулат во градот Ербил, во северниот дел на Ирак. 

Во објавеното писмено соопштение од Дирекцијата на полицијата на Регионалната курдска управа на Ирак во Ербил се истакнува дека Мазлум Даг, чиј идентитет беше соопштен пред два дена како извршител на вооружениот напад во градот Ербил е фатен од страна на безбедносните сили.

Во соопштението се вели дека "продолжуваат активностите за пронаоѓање и фаќање на другите терористи поврзани со нападот".

Во извршениот вооружен напад на еден ресторан во градот Ербил, во северниот дел на Ирак, беше убиен еден турски дипломат на задача во Генералниот конзулат на Турција, а загинаа и двајца ирачки граѓани.



Слични вести