Честитка од потпретседателот Фуат Октај по повод 45. годишнина од мировната операција на Кипар

Потпретседателот Фуат Октај во објавената порака по повод одбележувањето на 20 јули 45. годишнина од мировната операција на Кипар истакна дека Турција секогаш ќе биде покрај турскиот народ на Кипар и ќе продолжи да ги брани неговите интереси

Честитка од потпретседателот Фуат Октај по повод 45. годишнина од мировната операција на Кипар

Потпретседателот Фуат Октај ја честита 45. годишнина од мировната операција на Кипар која беше реализирана на 20 јули 1974 година од страна на Турција. 

Октај истакна дека Турција секогаш ќе биде покрај турскиот народ на Кипар и ќе ги брани неговите интереси. 

Потпретседателот Фуат Октај во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер истакна дека на годишнината од мировната операција на Кипар со милост се сеќаваме на нашите шехиди (паднатите борци, оние кои ги положија своите животи) и ја доставуваме нашата благодарност до нашите јуначки газии (ветерани). 

"Нека е честита 45. годишнина од мировната операција на Кипар со која беше донесено и воспоставено спокојството на островот Кипар и беше ставено крај на зулумот врз нашите браќа. На годишнината од операцијата го изразувам моето сочувство до нашите шехиди, ја доставувам мојата благодарност до нашите јуначки газии. Секогаш ќе бидеме покрај турскиот народ на Кипар и ќе ги браниме неговите интереси." - стои во пораката на потпретседателот Фуат Октај по повод 20 јули 45. годишнина од мировната операција на Кипар. 



Слични вести