САД го ослободија поранешниот заменик-генерален директор на „Халкбанк“ Хакан Атилла

Надлежни потврдија дека поранешниот заменик-генерален директор на турката банка „Халкбанк“ Мехмет Хакан Атилла кој се држеше во затворот „FCI Schuylkill“ во сојузната држава Пенсилванија бил ослободен денеска во утринските часови

1239125
САД го ослободија поранешниот заменик-генерален директор на „Халкбанк“ Хакан Атилла

Ослободен е поранешниот заменик-генерален директор на турката банка „Халкбанк“ Мехмет Хакан Атилла кој во Соединетите Американски Држави (САД) беше обвинет во судскиот процес во врска со санкциите кон Иран.

Надлежни потврдија дека Хакан Атилла кој се држеше во затворот „FCI Schuylkill“ во сојузната држава Пенсилванија бил ослободен денеска во утринските часови.

Како што се дознава, по ослободувањето на Атилла ќе биде предаден на Канцеларијата на Службата за имиграција од каде што ќе биде испратен во Турција.

Поранешниот заменик-генерален директор на турката банка „Халкбанк“ Мехмет Хакан Атилла во Соединетите Американски Држави (САД) беше обвинет во судскиот процес во врска со санкциите кон Иран поради што му беше изречена затворска казна во траење од 32 месеци.

 



Слични вести