Реакција од Собранието на Турција против одлуката на ЕУ во врска со Источниот Медитеран

Во објавената заедничка декларација се вели следното: „Го осудуваме тоа што се изоставуваат од вид правата и интересите на кипарските Турци и Република Турција“

1239025
Реакција од Собранието на Турција против одлуката на ЕУ во врска со Источниот Медитеран

На одлуката на Европската унија (ЕУ) за спроведување санкции по прашањето на Источниот Медитеран пристигна заедничка реакција од политичките партии во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Во објавената заедничка декларација се вели следното: „Го осудуваме тоа што се изоставуваат од вид правата и интересите на кипарските Турци и Република Турција.“ 

Заедничката декларација потпишана од четири политички партии во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) и тоа Партијата за правда и развод АКП (АК Партијата), Републиканската народна партија (ЏХП), Партијата за националистичко движење (МХП) и ИЈИ Партијата, потоа беше прочитана од страна на потпретседателите на пратеничките групи на овие четири наведени партии.

Во декларацијата се нагласува дека истражувањето на нафта од страна на Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во Источниот Медитеран, претставува нивно најприродно право.

Се истакнува дека Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) располагаат со сила да ги одбранат своите легитимни права кои што произлегуваат од меѓународното право, без притоа да потклекнат пред никаков притисок.

Во заедничката декларација се напоменува дека санкциите се во спротивност со правото и се неприфатливи, а воедно се упатува повик до Европската унија (ЕУ) да презентира праведен и неутрален став.

Во усвоената заедничка декларација исто така се нагласува дека се поддржуваат активностите на Турција за истражување во Источниот Медитеран и се дава следната порака „Нашиот заеднички став ќе продолжи со одлучност.“



Слични вести