Столтенберг: Соработката на НАТО со Турција е многу подлабока и пообемна од Ф-35

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека соработката на Сојузот со Турција  е многу подлабока и пообемна од Ф-35

1237679
Столтенберг: Соработката на НАТО со Турција е многу подлабока и пообемна од Ф-35

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг учествуваше на годишната безбедносна конференција во сојузната држава Колорадо во Соединетите Американски Држави (САД), а во организација на „Институтот Еспен“.

Во говорот што го одржа овде, Столтенберг истакна дека соработката на Сојузот со Турција е многу  подлабока и пообемна од Ф-35.

Појаснувајќи дека го следат одблизу процесот во врска со набавката на противвоздушно одбранбените ракетни системи С-400 од Русија од страна на Турција и дека прашањето се разгледува од страна на надлежните органи, Столтенберг рече: „Секоја земја самата донесува одлука за тоа какви системи за одбрана ќе купи. Меѓутоа, она што е значајно за НАТО е дали овие системи можат да функционираат заедно, дали се компактабилни со системите на НАТО.“

Освен тоа, Столтенберг ја изнесе и следната констатација „Системите С-400 кои што ги набави Турција нема да бидат интегрирани кон противвоздушно одбранбениот систем на НАТО, бидејќи тие не се системи кои што би можеле да функционираат заедно. Ионака и Турција не достави такво барање.“

Велејќи дека „Придонесот на Турција во НАТО и соработката на НАТО со Турција е многу подлабока и пообемна од Ф-35“, Столтенберг напомена дека Турција која е клучен сојузник во борбата против терористичката организација ДЕАШ, освен тоа го дава својот придонес и на безброј операции и мисии на НАТО на Балканот, во Косово и во Авганистан. 

„Турција како сојузник во НАТО е многу повеќе од С-400. Турција беше интегриран дел на противвоздушно одрбанбениот систем на НАТО и ќе продолжи да е така.“ - порача генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Велејќи дека продолжуваат разговорите на Турција за купување на ракетно одбранбените системи Патриот од САД или системите Еуросам од заедничко италијанско-француско производство, Столтенберг воедно стави акцент и на значењето на овие разговори.



Слични вести