Сочувство од Салих до претседателот Ердоган по повод убиството на турскиот дипломат во Ербил

Ирачкиот претседател Бархам Салих го побара по телефон претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по повод вчерашниот вооружен напад во градот Ербил во кој загина еден турски дипломат на задача во Генералниот конзулат на Турција во овој град

1238433
Сочувство од Салих до претседателот Ердоган по повод убиството на турскиот дипломат во Ербил

Ирачкиот претседател Бархам Салих го побара по телефон претседателот Реџеп Тајјип Ердоган до кого го изрази своето сочувство по повод убиството на турскиот дипломат на задача во Генералниот конзулат на Турција во Ербил.

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации во кабинетот на претседателот, ирачкиот претседател Бархам Салих го побара по телефон претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по повод вчерашниот вооружен напад во градот Ербил во северниот дел на Ирак во кој загина еден турски дипломат.

Претседателот Салих го изрази своето сочувство до претседателот Ердоган по повод убиството на турскиот дипломат на задача во Генералниот конзулат на Турција во Ербил.

Во остварениот телефонски разговор помеѓу ирачкиот претседател Бархам Салих и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган стана збор и за билатерални и регионални прашања.



Слични вести