Регионалната курдска управа на Ирак ќе спроведе истрага за убиството на турскиот дипломат во Ербил

Комисијата за безбедност и внатрешни работи во Собранието на Регионалната курдска управа на Ирак (IKBY) ќе спроведе истрага во врска со вооружениот напад во Ербил во кој загина еден турски дипломат на задача во Генералниот конзулат на Турција во овој град

1238395
Регионалната курдска управа на Ирак ќе спроведе истрага за убиството на турскиот дипломат во Ербил

Собранието на Регионалната курдска управа на Ирак (IKBY) донесе одлука за спроведување истрага во врска со вчерашниот напад во еден ресторан во градот Ербил во кој загинаа еден турски дипломат на задача во Генералниот конзулат на Турција во Ербил и двајца ирачки граѓани.

Членот на Комисијата за безбедност и внатрешни работи во Собранието на Регионалната курдска управа на Ирак (IKBY) Мухамед Саид, во дадената изјава за локалните медиуми истакна дека комисијата ќе спроведе детална истрага во врска со вчерашниот вооружен напад во Ербил, а воедно појасни дека освен тоа  оваа комисија ќе го следи и процесот на започнатата истрага од страна на полициските сили за фаќање на сторителите на овој напад.

Велејќи дека информациите што ќе бидат добиени на крајот на истрагата ќе во најскоро време ќе бидат споделени со јавноста, Саид додаде дека целта и на Собранието и на Владата е да ги заштити животите на граѓаните на чело и со дипломатите, како и стабилноста во регионот.

 



Слични вести