Реакција од Турција до САД во врска со одлуката за нејзино исклучување од програмата на Ф-35

Турција ги повика САД да се вратат од својата грешка во врска со одлуката за нејзино исклучување од програмата за производство на борбените авиони Ф-35, а за која истакна дека ќе предизвика неизлечиви рани во односите помеѓу двете земји

1237502
Реакција од Турција до САД во врска со одлуката за нејзино исклучување од програмата на Ф-35

Министерството за надворешни работи на Турција истакна дека одлуката на управата на Соединетите Американски Држави (САД) за исклучување на Турција од програмата за производство на борбените авиони Ф-35 не се потпира на никаква легитимна причина.

Во објавеното соопштение од министерството се вели следното: „Ги повикуваме САД да се вратат од оваа грешка која што ќе доведе до неизлечиви рани во нашите стратешки односи.“

Во соопштението се потсетува дека Белата куќа и американскиот секретаријат за одбрана синоќа соопштија дека поради набавката на противвоздушно одбранбениот ракетен систем С-400 од Русија, Турција ќе биде исклучена од програмата за производство на борбените авиони Ф-35.

„Овој едностран чекор, онака како што не е во усогласеност со духот на сојузништвото воедно не се потпира и на никаква легитимна причина“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи и се додава следното: „Исклучувањето на Турција од програмата, како една од главните партнери на програмата Ф-35, освен тоа што не е праведно, воедно е неважечко и тврдењето дека системот С-400 ќе влијае негативно на Ф-35. Тоа што е оставен без одговор нашиот предлог за формирање на работна група по ова прашање во која ќе учествува и НАТО, претставува најочигледен показател за предрасудата кај американската страна и недостатокот на волја за решавање на прашањето со добронамерност во сопствените димензии.“

Во соопштението се нагласува дека САД значењето кое што го придаваат на пријателството на Турција не треба да го истакнуваат само со зборови, туку треба да го покажат тоа и во дело и акција и тоа особено во борбата против терористичките организации како ДЕАШ, ПКК/ПЈД/ЈПГ и ФЕТО, по што се додава следното: „Од тој аспект, од големо значење е да се остане посветен и верен на секое ниво кон разбирањето кое што е изнесено на остварената средба помеѓу почитуваниот претседател (Реџеп Тајјип Ердоган) и претседателот (Доналд) Трамп за време на Самитот на Г-20 што се одржа (минатиот месец) во Осака. Ги повикуваме САД да се вратат од оваа грешка која што ќе предизвика неизлечиви рани во нашите стратешки односи со САД.“

Инаку, од страна на управата на Соединетите Американски Држави (САД) беше истакнато дека поради ракетниот систем С-400 Турција веќе не може да биде дел од проектот за производство на борбените авиони Ф-35 и беше наведено следното: „САД, се уште им придаваат голема вредност на своите стратешки односи со Турција. Нашите односи како НАТО сојузници се повеќеслојни и не се поврзани само со Ф-35.“



Слични вести