Почина ранетиот турски војник во експлозијата на 11 јули кај градот Ширнак

Ввојникот кој беше ранет во експлозијата на 11 јули во руралното подрачје на градот Ширнак и кој веднаш беше префрлен на лекување во болница, и покрај сите напори на лекарите им подлегна на раните и го загуби животот

1237598
Почина ранетиот турски војник во експлозијата на 11 јули кај градот Ширнак

Почина турскиот војник кој беше ранет во експлозијата на експлозивна направа од рачна изработка на 11 јули кај градот Ширнак, во југоисточниот дел на земјата, а кој се наоѓаше на лекување во болница.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, војникот кој беше ранет во експлозијата на поставена експлозивна направа од рачна изработка на 11 јули во руралното подрачје на градот Ширнак и кој веднаш беше префрлен на лекување во болница, и покрај сите напори на лекарите им подлегна на раните и го загуби животот.

Во соопштението на министерството се вели следното: „На нашиот шехид (загинат) кој го загуби својот живот во овој настан кој што не облеа во длабока болка и тага сите нас, му посакуваме милост од Аллах, го изразуваме нашето сочувство до неговото семејство и им посакуваме трпение на Турските вооружени сили (ТВС) и на нашиот племенит народ.“

Операциите против терористите во подрачјето продолжуваат.



Слични вести