МНР на Ирак: Вооружениот напад нема да влијае на историските и стратешки односи со Анкара

Во објавеното писмено соопштение од ирачкото Министерство за надворешни работи се вели следното: „Жестоко го осудуваме нападот во кој изгуби својот живот еден дипломат на задача во Генералниот конзулат на Турција во Ербил“

1237689
МНР на Ирак: Вооружениот напад нема да влијае на историските и стратешки односи со Анкара

Ирак соопшти дека вооружениот напад во кој беше убиен еден службеник на Генералниот конзулат на Турција во Ербил нема да влијае на историските и стратешките односи помеѓу Багдад и Анкара.

Во објавеното писмено соопштение од ирачкото Министерство за надворешни работи се вели следното: „Жестоко го осудуваме нападот во кој го избуби својот живот еден дипломат на задача во Генералниот конзулат на Турција во Ербил.“

Во соопштението се нагласува дека Министерството за надворешни работи интензивно ги следи активностите кои што ги водат безбедносните единици за откривање на деталите и причините кои што стојат во позадината на нападот, а воедно се додава следното: „Овој гнасен напад нема да влијае на силата на историските и стратешките односи помеѓу Багдад и Анкара, нема да ги ослабе напорите за зближување помеѓу двете пријателски земји за остварување на нивните заеднички интереси.“ 

Вчера во попладневните часови беше извршен вооружен напад во еден ресторан во градот Ербил во северниот дел на Ирак во кој беше убиен еден турски дипломат на задача во Генералниот конзулат на Турција во Ербил.

Во нападот загина и еден ирачки граѓанин, а еден Ирачанец беше ранет за кого потоа е соопштено дека и тој го загубил животот.



Слични вести