Министерот за национална одбрана Акар и командантите во обиколка на единиците на границата со Сирија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во придружба на началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командантите на копнените, поморските и воздушните сили се во обиколка на воените единици кај градот Хатај, на границата со Сирија

1238144
Министерот за национална одбрана Акар и командантите во обиколка на единиците на границата со Сирија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и командантите на родовите ги посетуваат и се во обиколка на воените единици на границата со Сирија.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во придружба и на началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, командантот на копнените сили генерал на армија Умит Дундар, командантот на поморските сили адмирал Аднан Озбал и командантот на воздушните сили генерал на армија Хасан Кучукакјуз, заминаа за градот Хатај, во близина на границата со Сирија.

Министерот Хулуси Акар и командантите на родовите во негова придружба, на аеродромот во градот Хатај беа пречекани од страна на валијата Рахми Доган, вршителот на должноста командант на втората армија генерал-полковник Синан Јајла и други високи функционери.

Оттука министерот Акар и командантите тргнаа кон воените единици распоредени на границата со Сирија каде што на лице место реализираа обиколка на единиците.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и командантите на родовите во негова придружба се состанаа со командантите на воените единици распоредени на сириската граница и беа информирани од нивна страна во врска со овдешните активности.



Слични вести