Задоцнета порака од САД по повод 15 јули, 3. годишнина од обидот за државен удар во Турција

На прашањето поставено од страна на дописникот на новинската агенција Анадолија „АА“ (Anadolu Agency) Американскиот државен секретаријат објави задоцнето писмено соопштение во врска со 3. годишнина од обидот за државен удар во Турција

1237125
Задоцнета порака од САД по повод 15 јули, 3. годишнина од обидот за државен удар во Турција

Соединетите Американски Држави (САД) по изминат еден ден објавија соопштение во врска со одбележувањето на 3. годишнина од обидот за државен удар на 15 јули 2016 година извршен од страна на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО).

На прашањето поставено од страна на дописникот на новинската агенција Анадолија „АА“ (Anadolu Agency) Американскиот државен секретаријат објави задоцнето писмено соопштение во врска со 3. годишнина од обидот за државен удар во Турција.

Во соопштението се вели следното: „САД го изразуваат своето жалење за ранетите и најдлабоко сочувство за загинатите за време на извршениот обид за државен удар во 2016 година во Турција.“ 

Во соопштението, обидот за државен удар на 15 јули е окарактеризиран како напад насочен против демократијата и се изнесува следната констатација: „Овој неуспешен обид за државен удар претставуваше дефинитивно потсетување во однос на еланот и довербата кои што се покажуваат за да се овозможи да се покажува почит кон зачувувањето на демократијата и фундаменталните слободи. Како САД, ја потврдуваме нашата одлучна поддршка на турскиот народ и на неговите демократски институции.“



Слични вести