Во воздушната база Муртед кај Анкара пристигна 14-от руски карго авион со компоненти на С-400

Во рамките на испораката на компонентите и материјалите на ракетно одбранбените системи С-400 кои што Турција ги купи од Русија, денеска во утринските часови во воздушната база Муртед во близина на Анкара пристигна и 14-от руски џиновски карго авион

1237081
Во воздушната база Муртед кај Анкара пристигна 14-от руски карго авион со компоненти на С-400

Продолжува испораката на противвоздушно одбранбените ракетни системи С-400 од Русија во Турција.

Во рамките на испораката на компонентите и материјалите на регионалните системи за воздушна и ракетна одбрана  од долг дострел С-400 кои што Турција ги купи од Русија, денеска во утринските часови во воздушната база Муртед во близина на Анкара пристигна и 14-от руски џиновски карго авион.

Ракетните системи С-400 се состојат од 4 одделни делови и тоа систем за утврдување на радар од долг дострел, командно контролна единица, ракетна рампа и радар за ангажман.

Деловите (компонентите) со исклучок на проектилите (ракетите), ќе бидат донесени во Турција по воздушен пат и овде ќе бидат монтирани.

Проектилите (ракетите) пак, како најчувствителни компоненти на системот ќе бидат донесени по поморски пат.



Слични вести