Во воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани 7 терористи

Турските вооружени сили (ТВС) реализираа воздушна операција на областа Метина во северниот дел на Ирак во која се неутрализирани 7 терористи на ПКК

1237172
Во воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани 7 терористи

Во реализирана прекугранична воздушна операција од страна на Турските вооружени сили (ТВС) на областа Метина во северниот дел на Ирак се неутрализирани 7 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Операцијата е реализирана координирано со операцијата „Шепа“ („Pençe“) која што беше започната на 27 мај против терористите во северниот дел на Ирак и која продолжува успешно.

Од друга страна, со одлучност продолжува борбата против тероризмот и внатре во границите на земјата.

Во рамките на операциите за воспоставување на безбедноста внатре во земјата, од страна на градската команда на жандармеријата, а поддржана и од воздух, е реализирана операција во руралното подрачје на градот Хаќќари во која се неутрализирани двајца терористи.



Слични вести