Во вооружен напад на ресторан во ирачкиот град Ербил загина еден турски дипломат

Во извршен вооружен напад на еден ресторан во ирачкиот град Ербил загина еден турски дипломат, вработен во Генералниот конзулат на Турција

1237316
Во вооружен напад на ресторан во ирачкиот град Ербил загина еден турски дипломат

Во вооружен напад на еден ресторан во градот Ербил во северниот дел на Ирак, кој што бил извршен додека во ресторанот се наоѓале и вработени и во Генералниот конзулат на Турција, загина еден турски дипломат.

Како што се истакнува, во вооружениот напад имало и едно рането лице.

На местото на нападот се испратени голем број безбедносни сили, додека терористот од чија страна бил извршен нападот е неутрализиран.

Некои извори пак, соопштуваат дека напаѓачот или напаѓачите избегале и затоа биле затворени сите влезови и излези во и за градот Ербил.

Според добиени информации од сопственикот на ресторанот, откако вработените во Генералниот конзулат на Турција во Ербил влегле внатре во ресторанот напаѓачот облечен во цивилна облека и кој на себе носел две оружја пукал директно кон вработените во конзулатот.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во соопштението што го објави на социјалната мрежа Твитер го осуди нападот.

Ердоган во објавеното соопштение напиша: „Го осудувам грозоморниот напад извршен врз нашите вработени во конзулатот во Ербил. На нашиот вработен кој го загуби животот во нападот му посакувам милост од Аллах. Продолжуваат нашите иницијативи кај ирачките органи и локалните функционери за итно пронаоѓање на извршителите на нападот.“ 

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи на Турција во врска со нападот во кој загина еден турски дипломат, вработен во Генералниот конзулат во Ербил се вели следното: „Денеска (17 јули) попладне, еден службеник на нашиот Генерален конзулат во Ербил додека бил надвор од зградата на Генералниот конзулат го загуби животот во грозоморен  вооружен напад на кој беше подложен. Продолжуваат нашите иницијативи кај ирачките органи и локалните функционери за итно пронаоѓање на извршителите на нападот. На нашиот шехид (загинат) му посакуваме милост од Аллах, им посакуваме трпение на неговото семејство и на целиот турски народ.“

Портпаролот во кабинетот на претседателот Ибрахим Калин во соопштението кое што го објави преку социјалната мрежа Твитер напиша: „Ќе им биде даден потребниот одговор на извршителите на овој кукавички напад.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу пак, истакна дека во врска со нападот во Ербил се во контакт со Багдад и Ербил и дека ако затреба ќе биде испратена и делегација од Турција.



Слични вести