МНР на Ирак го осуди вооружениот напад во градот Ербил во кој загина еден турски дипломат
Портпаролот на ирачкото министерство за надворешни работи Ахмед ес-Сахаф во објавеното псимено соопштение го истакна следното: „Го осудуваме вооружениот напад врз турскиот дипломат во Ербил“

Ирачкото министерство за надворешни работи го осуди вооружениот напад во градот Ербил во кој загина еден турски дипломат на задача во Генералниот конзулат на Турција во Ербил.
Портпаролот на ирачкото министерство за надворешни работи Ахмед ес-Сахаф во објавеното писмено соопштение го истакна следното: „Го осудуваме вооружениот напад врз турскиот дипломат во Ербил.“
Сахаф истакна дека во нападот загина и еден ирачки граѓанин, а едно лице е рането и напомена дека се работи во координација со официјалните органи за откривање на деталите во врска со нападот.
Во извршениот вооружен напад денеска, во попладневните часови, на еден ресторан во градот Ербил во северниот дел на Ирак загина еден турски дипломат на задача во Генералниот конзулат на Турција во Ербил.