Утрово слетаа и 10-от и 11-от руски карго авион со материјали и делови на С-400

Министерството за национална одбрана соопшти дека во рамките на испораката на регионалните системи за воздушна и ракетна одбрана С-400 кои што Турција ги набави од Русија утрово пристигнаа и 10-от и 11-от руски џиновски карго авион

1236305
Утрово слетаа и 10-от и 11-от руски карго авион со материјали и делови на С-400

Во рамките на испораката на материјалите и деловите на противвоздушно одбранбените ракетни системи С-400 кои што ги купи Турција од Русија, денеска во утринските часови во воздушната база Муртед во близина на Анкара слетаа уште два руски џиновски карго авиони.

Од страна на Министерството за национална одбрана е соопштено дека испораката на регионалните системи за воздушна и ракетна одбрана С-400 кои што Турција набави од Русија, продолжува и денеска.

Во објавата споделена на сметката на Министерството на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека во рамките на испораката на материјалите и деловите на С-400 денеска во утринските часови слетаа во воздушната база Муртед во близина на Анкара уште два  10-от и 11-от руски џиновски карго авиони.

Во споделената објава беше прикажана и фотографијата na 11-от руски краго авион.



Слични вести