Турција остро реагираше на одлуката на ЕУ во врска со Средоземното море

Одлуките што ги усвои Советот за надворешни односи на ЕУ, нема да влијаат врз одлучноста за остварување на јаглеводородните активности во Источниот Медитеран

1236189
Турција остро реагираше на одлуката на ЕУ во врска со Средоземното море

Турција соопшти дека одлуките што ги усвои ЕУ, нема да влијаат врз одлучноста за остварување на јаглеводородните активности во Источниот Медитеран.

Министерството за надворешни работи објави соопштение по повод одлуките што беа усвоени на вчерашниот состанок на Советот за надворешни односи на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во Брисел.

Во соопштението беше истакнато следното.

„Одлуките што ги усвои Советот за надворешни односи на ЕУ на вчерашниот состанок во Брисел, нема да влијаат врз одлучноста за остварување на јаглеводородните активности во Источниот Медитеран. Неспомнувањето на Кипарските Турци и нивните еднакви права врз природните извори на Кипар во одлуките како и преземањето иницијативи како да не постојат Кипарските Турци претставува јасен показател за тоа каков пристрасен став исполнет со предрасуди има ЕУ кон Кипарското прашање.

Овие одлуки исто така претставуваат последен пример на максимална злоупотреба на позициите и членството во ЕУ од страна на Кипарско Грчката и Грчката двојка и искористеноста на другите земји членки на ЕУ во овој процес.

Како што многупати нагласивме во минатото, јаглеводородните истражувања и активности во Источниот Медитеран имаат две димензии од аспект на заштитата на нашите права врз континенталниот гребен и правата на Кипарските Турци во својство на заеднички сопственици, како и еднаквите права што ги поседуваат врз јаглеводородните извори на Кипар. Првата димензија се однесува на неможноста за започнување на преговорите за ограничување на морските овластувања со Кипарско грчката управа се додека не се реши Кипарското прашање. Впрочем бидејќи Кипарската Република од 1963 година не ги претставува и Кипарските Турци, не е вистинска држава за нас и Кипарските Турци.

Втората димензија се однесува на изнаоѓањето решение на Кипарското прашање единствено со гарантирање на правата на Кипарските Турци. Во тој контекст, предлогот за сеопфатна соработка на Кипарските Турци на 13 јули кој целосно се поддржува и од страна на Турција претставува извонредна прилика за постигнување решение. Усвојувањето одлуки против Турција од страна на ЕУ наместо добро да ја вреднува оваа прилика и да ги поттикне двете страни на Кипар да се состанат во врска со јаглеводородните извори, претставува неефикасен, нереален и неконструктивен приод на унијата.

Како во минатото така и во иднина Турција одлучно ќе продолжи да ги брани своите и правата на кипарските Турци, поради што ќе ги зголеми активностите на тоа поле.

Ветувањата кои што ЕУ на 26 април 2014 им ги даде на Кипарските Турци и натаму не ги одржуваат, поради што ЕУ денес нема што да зборува. Овие одлуки. Исто така усвојувањето на овие одлуки на 15 јули, денот кој се поистоветува со третата годишнина од кукавичкиот обид за воен удар во Турција, навистина претставува голема иронија“ беше истакнато во соопштението на МНР.

Во рамките на состанокот на Советот за надворешни односи на ЕУ беше објавена и заклучна декларација.

Во декларацијата беше истакнато дека активностите за пребарување јаглеводордни извори на Турција во Источниот Медитеран наводно биле илегални, поради што усвоиле низа одлуки во врска со оваа ситуација.



Слични вести