Чавушоглу остро реагираше на санкциите на ЕУ

Во случај на усвојување на овие одлуки против Турција и нивно евентуално спроведување, Турција ќе ги зголеми своите активности во Источниот Медитеран

1236479
Чавушоглу остро реагираше на санкциите на ЕУ

Министерот за надворешни работи Чавушоглу рече дека Турција во Источниот Медитеран има три бродови за дупчење и ќе го испрати и четвртиот брод“.

Во рамките на вториот ден на посетата на Северна Македонија, министерот Чавушоглу оствари средба со македонскиот колега Никола Димитров.

На прес конференцијата што ја одржа по средбата со Димитров, Чавушоглу одговараше на прашањата на новинарите во Скопје и направи проценка на одлуката на ЕУ за преземање санкции против Турција.

Чавушоглу во врска со одлуката на ЕУ рече:

„Ако усвоените одлуки ги наречеме санкции, тоа е многу сериозна работа. Нема потреба од прифаќање за многу сериозно на одлуките“ рече Чавушоглу.

„Впрочем претходно ги остварија одбивањата од Инструментот за претпристапна помош (ИПА). Тоа се многу едноставни работи кои нема многу да влијаат врз нас. Препораката за банките е една друга контрадикторност на ЕУ, бидејќи ЕУ има потреба од нас. И самите се свесни дека одлуките коишто ги усвоија, тешко ќе можат да ги остварат. Принудени се да усвојат несоодветни одлуки само за да ги задоволат барањата на Кипарско грчкиот дел. Суштинскиот проблем се состои во тоа што не се земени под гаранција правата на Кипарските Турци и другите малцинства кои живеат во околината на Кипар.

Во случај на усвојување на овие одлуки против Турција и нивно евентуално спроведување, Турција ќе ги зголеми своите активности во Источниот Медитеран“ рече Чавушоглу.

„Моментално Турција во Источниот Медитеран има три бродови за дупчење, ќе го испратиме и четвртиот. Кипарско грчката управа не треба да се потпира на поддршката на ЕУ. Соодветен соговорник на Кипарско грчката страна е Турската Република Северен Кипар (ТРСК). Што поскоро треба да се отрезнат и опаметат“ порача Чавушоглу.

Во освртот на реакциите на САД во врска со откупот на воздушно-одбранбениот систем од Русија, Чавушоглу рече:

„Воздушно-одбранбениот систем С-400 што го купивме од Русија не претставува закана за системите на НАТО и авионите од типот Ф-35. Тоа е систем чија целосна контрола ќе биде во наши раце. Нема потреба од предизвикување непотребна напнатост. Впрочем договорот заврши. Сега почна процесот на испорака“ рече Чавушоглу.



Слични вести