ТВС продолжуваат со операциите против ПКК

Во воздушната операција на ТВС беа уништени позициите и целите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои се користеа како складиште за оружје, засолништа и прибежишта, а исто така беа неутрализирани 8 терористи

1235640
ТВС продолжуваат со операциите против ПКК

Во рамките на вчерашната воздушна операција на Турските вооружени сили (ТВС) против сепаратистичко-терористичката организација ПКК на северот на Ирак во подрачјето Метина беа неутрализирани 8 терористи.

Според известувањето кое беше објавено од страна на Министерството за национална одбрана преку профилот на твитер, во координација со операцијата „Канџа“ вчера ТВС извршија воздушен напад на подрачјето Метина на северот на Ирак.

Во воздушната операција беа уништени позициите и целите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои се користеа како складиште за оружје, засолништа и прибежишта, а исто така беа неутрализирани 8 терористи.



Слични вести