Претседателот Ердоган положи венец на Споменикиот на загинатите од 15 јули

3-та година од епот, во претседателскиот дворец се одржа комеморативна седница за загинатите (шехидите)

1235927
Претседателот Ердоган положи венец на Споменикиот на загинатите од 15 јули
erdogan bestepe anma toreni2.jpg
erdogan bestepe anma toreni1.jpg

Бештепе во Анкара беше една од адресите каде што беше напишан епот против пучистите на 15 јули 2016.

3-та година од епот, во претседателскиот дворец се одржа комеморативна седница за загинатите (шехидите).

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари разговори со блиските на загинатите и повредените (газиите) на 15 јули кои се наоѓаа пред претседателската палата, а потоа сите заедно тргнаа кон Споменикот на загинатите 15 јули.

По положувањето венец на споменикот, претседателот Ердоган и делегацијата во негова придружба читаа молитви.

Нешто потоа Ердоган и делегацијата во негова придружба учествуваа на церемонијата Хатми шериф што се одржа во џамијата Миллет Бештепе.

Претседателот Ердоган во рамките на манифестацијата читаше молитви од света книга Куран. Претседателот на Управата за верски прашања Али Ербаш читаше молитви.

На програмата во џамијата Милет присуствуваше претседателот на Домот на народите на собранието на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ, потпретседателот на државата Фуат Октај, некои министри, блиските на хероите од 15 јули, ветерани (газии) и граѓани.



Слични вести