Посебна седница на Собранието посветена на 15-ти јули

Нашите пријатели треба да бидат спокојни, а непријателите информирани дека одговорот на нашиот народ против сите обиди и напори за евентуална окупација и/или анексија

1236017
Посебна седница на Собранието посветена на 15-ти јули
tbmm 15 temmuz1.jpg
tbmm 15 temmuz3.jpg
tbmm 15 temmuz2.jpg

Генералното заседание на Големото национално собрание на Турција одржа посебна седница чиј дневен ред беше посветен на 15-ти јули, Денот на демократијата и националното единство.

На седницата што се одржа под претседателство на претседателот Мустафа Шентоп, учествуваше и Реџеп Тајип Ердоган.

Претседателот на Собранието Шентоп во говорот што го одржа во оваа прилика рече:

„Нашите пријатели треба да бидат спокојни, а непријателите информирани дека одговорот на нашиот народ против сите обиди и напори за евентуална окупација и/или анексија, без оглед на тоа за кое време се работи, исто како и пред 100 години така нема да биде поразличен од оној ноќта на 15 јули.“

Турција, ноќта на 15 јули оствари успешна борба против Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО која без никакво сомнение го покажа своето вистинско и мрачно лице.

Многу јасно и очигледно е на кои меѓународни цели и служи новата генерација терористичка организација која може да се инфилтрира во сите структури и да ги искриви и изобличи сите настани и случувања.

На седницата на генералното заседание на Собранието збор зедоа и претседателите на партиите застапени во Собранието кои се осврнаа на значењето на овој ден.

На седницата учествуваа и пПотпретседателот на државата Фуат Октај, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу и амбасадорите и шефовите на странските мисии во Анкара.



Слични вести