Ердоган: „Ниту една мрежа, ниту една терористичка организација не можат да го расипе нашето братство

Ниту еден државен удар не беше во корист на оние што ги извршија истите

1236095
Ердоган: „Ниту една мрежа, ниту една терористичка организација не можат да го расипе нашето братство

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека „ниту еден државен удар не беше во корист на оние што ги извршија.“

По повод на 3-та годишнина од обидот за воен удар, Ердоган им се обрати на граѓаните кои се собраа на аеродромот Ататурк во Истанбул за манифестацијата 15-ти јули, Ден на денократијата и националното единство.

Ердоган во говорот рече дека „ниту една мрежа, ниту една терористичка организација не можат да го расипат нашето братство и единство.

Ниту еден државен удар не беше во корист на оние што ги извршија истите.

Со дозвола и помош на Аллах нема да остане и во иднина, рече Ердоган.

Ноќта на 15 јули (2016) сите оние кои што сакаа Турција да ја завијат во црно, многу добро увидоа дека тоа не ќе можат да го направат.

Јас сум му бескрајно благодарен на мојот народ за тоа што таа црна ноќ не му се предаде на кукавичлукот.

Се додека ја чуваме нашата вера, историја, култура, потомците, никој не може да ја окупира оваа земја и никој не ќе може да го пороби овој народ, рече Ердоган.



Слични вести