Турција досега достави барања до 94 земји за екстрадиција на 570 членови на ФЕТО

Министерството за правда на Турција досега ја побара екстрадицијата на 570 членови на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО од 94 земји во светот

1235499
Турција досега достави барања до 94 земји за екстрадиција на 570 членови на ФЕТО

Министерството за правда на Турција досега ја побара екстрадицијата на 570 членови, припадници на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), од 94 земји, меѓу кои се наоѓаат и САД, Германија, Романија и Белгија. 

Од страна на министерството за правда беа подготвени досиеја (предмети) во врска со голем број припадници на ФЕТО меѓу кои се наоѓаат и лица пучисти кои по обидот за државен удар на 15 јули, избегаа во странство. 

Турција од Германија ја побара екстрадицијата а поранешните јавни обвинители Зекерија Оз и Џелал Кара, а достави барање за испорачување и на Адил Оксуз, т.н. имам задолжен за воздушните сили и "тајната кутија" на обидот за државен удар, за кого исто така се наведува дека се наоѓа во оваа земја.

Од Соединетите Американски Држави (САД) пак, е побарана екстрадицијата во Турција на челникот на ФЕТО Фетулах Ѓулен, како и на водечки имиња  најблиски до челникот и тоа Џевдет Туркјолу, неговиот приватен лекар Кудрет Унал, Екрем Думанли на задача на информативните органи на терористичката организација,  Емруллах Услу во јавноста познат како "Емре Услу", поранешниот фудбалер Хакан Шукур и бизнисменот Ихсан Калкаван. 

 Како резултат на доставените барања 109 припадници на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО)  кои се наоѓаа во 23 земји беа депортирани и и беа испорачани на Турција. 

Од страна на Министерството за правда освен овие доставени барања за екстрадиција, беше поставено на дневен ред и апсењето на високите водачи и членови на терористичката организација кои се наоѓаат во странство.

Ви тие рамки, до 54 земји беа испратени барања за привремено апсење на 152 припадници на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО).



Слични вести