Испораката на С-400 продолжува и денеска: Пристигнаа и петиот и шестиот карго авион

Денеска, третиот ден од испораката на деловите на регионалните системи за воздушна и ракетна одбрана С-400 од Русија во Турција, на воздушната база Муртед во Анкара слетаа и петиот и шестиот џиновски карго авион со делови на ракетните системи

1235387
Испораката на С-400 продолжува и денеска: Пристигнаа и петиот и шестиот карго авион

Продолжува испораката на регионалните системи за воздушна и ракетна одбрана С-400 кои што Турција ги купи од Русија. 

Во споделената објава на сметката на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека денеска, третиот ден од испораката на деловите на регионалните системи за воздушна и ракетна одбрана С-400 од Русија во Турција, на воздушната база Муртед кај Анкара слетаа и петиот и шестиот џиновски карго авион со делови на ракетните системи.

Во објавата е соопштено дека во рамките на испораката денеска се планира да пристигне и седмиот руски карго авион.

Испораката на регионалните системи за воздушна и ракетна одбрана С-400 ко што Турција ги набави од Русија започна во петокот.

Испораката се реализира согласно договорениот календар со Русија и противвоздушно одбранбените ракетни системи С-400 ќе и бидат предадени на Турција во 3 дела.

Втората група материјали (делови)  на системите за воздушна и ракетна одбрана ќе биде донесена исто така по воздушен пат со џиновски карго авиони, додека третата група, односно пратка составена од над 120 проектили (ракети) ќе биде донесена по поморски пат, на крајот на летото. 



Слични вести