Реакција од амбасадорот во Вашингтон Сердар Килич до САД во врска со С-400

Амбасадорот на Турција во Вашингтон Сердар Киличпокажа реакција на изјавите на Комитетот за надворешни односи а Претставничките дом на САД во врска со С-400

1235229
Реакција од амбасадорот во Вашингтон Сердар Килич до САД во врска со С-400

Амбасадорот на Турција во Вашингтон Сердар Килич истакна дека ставот што го презентира Комитетот за надворешни односи на Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави (САД) е погрешен и измамувачки.

Амбасадорот Килич преку својата сметка на социјалната мрежа Твитер покажа реакција против споделувањето на официјалната сметка на Комитетот за надворешни односи на Претставничкиот дом на САД на Твитер, на изјавите на претседателот на Комитетот демократот Елиот Енгел и на искусниот член републиканецот Мајкл МекКул, со критики на купувањето на С-400 од страна на Турција.

Турскиот амбасадор во Вашингтон Сердар Килич во својата објава напиша: „Турција донесе техничка и економска одлука за противвоздушно одбранбен систем од кој што има итна потреба. Тоа нема никаква врска со нашиот стратешки поглед и никако не претставува направен избор помеѓу САД, НАТО или Русија. Перцепцијата и ставот на  Комитетот за надворешни односи на Претставничките дом по ова прашање, се погрешени и измамувачки."



Слични вести