Продолжува испораката на ракетниот систем С-400 од Русија во Турција

Денеска, вториот ден од испораката во воздушната база Муртед во Анкара пристигна и четвртиот авион кој што ги носеше деловите на противвоздушно одбранбениот ракетен систем С-400 што Турција го купи од Русија

1235211
Продолжува испораката на ракетниот систем С-400 од Русија во Турција

Продолжува испораката на регионалните системи за воздушна и ракетна одбрана С-400 од Русија на Турција. 

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, денеска, вториот ден од испораката во воздушната база Муртед во Анкара пристигна и четвртиот карго авион кој што ги носеше деловите на противвоздушно одбранбениот ракетен систем С-400 што Турција го купи од Русија. 

Во рамките на процесот на испорака кој што започна вчера, првата група материјали беше донесена со помош на 3 џиновски карго авиони.

Испораката се реализира согласно договорениот календар со Русија. 

Противвоздушно одбранбените ракетни системи С-400 ќе и бидат предадени на Турција од страна на Русија, во 3 дела.

Втората група материјали на системите за воздушна и ракетна одбрана ќе биде донесена исто така по воздушен пат со џиновски карго авиони, додека третата група, односно пратка составена од над 120 проектили (ракети) ќе биде донесена по поморски пат, на крајот на летото. 



Слични вести