Хулуси Акар оствари телефонски разговор со својот американски колега Марк Еспер

Хулуси Акар и Марк Еспер во телефонскиот разговор се осврнаа на прашањата со регионалниот систем за противвоздушна и ракетна одбрана С-400, борбените авиони Ф-35 и случувањата во последно време во Сирија

1235059
Хулуси Акар оствари телефонски разговор со својот американски колега Марк Еспер

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар оствари телефонски разговор со својот колега, вршителот на должноста секретар за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД) Марк Еспер.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, Акар и Еспер разговараа за прашања посветени на  набавката на регионалниот систем за противвоздушна и ракетна одбрана (С-400) од страна на Турција и  случувањата во последно време во Сирија.

Акар, на својот соговорник Еспер му ја достави пораката дека Турција се соочува со сериозна воздушна и ракетна закана, дека во тие рамки купувањето на ракетниот систем С-400 претставува задолжителност, а не избор, и дека разгледувањето на предлогот за Патриот продолжуваат".

Нагласувајќи дека проектот на борбените авиони Ф-35 треба да напредува по својот пат и дека Турција е партен на проектот, Акар напомена дека се уште важи предлогот на Турција за формирање на работна група по прашањето на евентуалната интеракција помеѓу системите на борбените авиони Ф-35 и С-400, во која би можело да биде вклучено и НАТО. 

За време на телефонскиот разговор, Тој го информира својот американски колега дека ставот на Турција не е променет и дека се исполнуваат сите обврски по прашањето на Ф-35.

Хулуси Акар нагласи дека во врска со купувањето на С-400 нема промена во стратешкиот став на Турција и дека евентуалното нанесување штета на односите помеѓу двете земји нема да биде во услуга ниту на интересите на Турција, ниту на интересите на САД и на НАТО. 

Во телефонскиот разговор стана збор и за случувањата во Сирија во врска со што министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека единствената спремна, компетентна и погодна сила за формирање на безбедната зона во северниот дел на Сирија се Турските вооружени сили (ТВС).

Акар потсети дека Турција мора да преземе мерки против интензивните напади од границата со Сирија, дека одбраната на народот и границите претставува прв приоритет и дека нема да им се дозволи на терористичките организации кои бараат безбедно засолниште веднаш преку границата.

Освен тоа, министерот за национална одбрана Хулуси Акар и неговиот американски колега вршителот на должноста американски секретар за одбрана Марк Еспер, во телефонскиот разговор постигнаа согласност по прашањето на продолжување на дијалогот помеѓу двете земји и формирањето на безбедната зона во Сирија, како и по прашањето на испраќање итно идната недела на една делегација од САД во Анкара.



Слични вести