Министерот за национална одбрана Хулуси Акар: Процесот на испорака на С-400 од Русија ќе продолжи

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, одговарајќи на прашањата на новинарите истакна дека процесот на испорака на С-400 од Русија ќе продолжи

1235015
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар: Процесот на испорака на С-400 од Русија ќе продолжи

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар одговараше на прашањата на новинарите во врска со пристигнувањето во Анкара на првата група од материјалите на регоналните противвоздушно одбранбени ракетни системи од долг дострел С-400.

Акар истакна дека процесот на испорака на С-400 од Русија ќе продолжи.

Велејќи дека работите за набавка на регонални противвоздушно одбранбени ракетни системи од долг дострел траат веќе долги години, Хулуси Акар рече: „Постојат одредени принципи кои што ги определивме ние по ова прашање. Во согланост со тие принципи имавме разговори со Кина, Русија, САД и Франција. На крајот од овие разговори видовме дека земја која воспостави најголема усогласеност со нашите принципи  стана Русија. Затоа во април 2017 година потпишавме договор. Работите беа продолжени во рамките на тој договор."

Хулуси Акар продолжи со следните зборови: „Почнувајќи од утринските часови вкупно три авиони почнаа да ги носат деловите на системите за кои станува збор со тоа што слетаа во областа Муртед. Овој процес во наредните денови ќе продолжи. Гледаме дека нашите работи ќе бидат заокружани поврзано со овој процес, ќе бидат реализирани онака како што е планирано. Не гледаме било каков проблем во нашите испланирани активности.“

Истакнувајќи дека паралелно со планираните активности истовремено во Турција и во Русија продолжуваат и обуките како во смисла на монтирањето, така и во смисла на оперирањето на системите, Акар напомена дека тоа ќе продолжи и во наредните денови. 

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар беше запрашан и за тоа дали денеска ќе пристигне друг авион, во врска со што одговори: „Не. Денеска беа планирани 3 авиони. Сите планирани авиони пристигнаа и денешните активности се завршени. Во наредните денови овој процес ќе продолжи.“

Акар подвлече дека по прашањето на ракетните системи Патриот пак, се започнати активностите за набавка во рамките на утврдените критериуми и рече: „Нашите разговори продолжуваат и по прашањето на Патриотите. Се додека се воспостави усогласеност со овие критериуми секако дека ја разглеуваме и набавката на Патриотите како регонални противвоздушно одбранбени ракетни системи од долг дострел од кои имаме потреба. Нашите надлежни институции, другари интензивно ги продолжуваат авоите активности по ова прашање“



Слични вести