Ердоган: Нема да го заборавиме и да дозволиме да се заборави 15 јули

Претседателот Ердоган објави порака по повод 15 јули Денот на демократијата и националното единство и истакна дека нема да се заборави и да се дозволи да се заборави предавничкиот обид за државен удар на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО)

1234823
Ердоган: Нема да го заборавиме и да дозволиме да се заборави 15 јули

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својата сметка на социјалната мрежа Твитер сподели објава во врска со предавничкиот обид за државен удар на 15 јули 2016 година. 

Ердоган во оваа своја објава сподели и кусо видео во времетраење од 2 минути 20 секунди подготвено од страна на Одделот за комуникации во кабинетот на претседателството, а во врска со случувањата ноќта на 15 јули. 

"Ќе продолжиме да излегуваме во пресрет на светите спомени на нашите шехиди и на овие територии за кои ја пролеаја својата крв. Нема да го заборавиме и да дозволиме да се заборави 15 јули." - напиша претседателот Ердоган. 

Во меѓувреме кусото видео подготвено од страна на Одделот за комуникации во кабинетот на претседателството, во рамките на 15 јули Денот на демократијата и националното единство и во чест на светите спомени на нашите шехиди (загинатите) на 15 јули, беше споделено и од страна на шефот на Одделот за комуникации во кабинетот на претседателството Фахреттин Алтун. 

Во споделената објава преку Твитер, Алтун напиша: "Со благодарност до нив. Паднаа на земјата, но не дозволија да падне знамето. Не отстапија од одбраната на татковината. Храброста, јунаштвото на секој од нив, ги врежавме во нашите мемории. Поздрав (селам) до оние кои оваа земја ја направија наша татковина. Со милост и благодарност за светите спомени на нашите шехиди."

Во видеото се објавуваат вистински настани за оние кои станаа шехиди за време на обидот за државен удар на 15 јули, се прикажуваат предмети кои што останале назад од шехидите и спомени на нивните семејства.

Министерството за национална одбрана исто така на својата сметка на социјалната мрежа Твитер во спомен на шехидите и газиите  од 15 јули објави порака, со која беше споделено и кусото видео подготвено од страна на Одделот за комуникации во кабинетот на претседателството.

Во пораката стои напишано следното: "Со почит го поздравуваме нашиот честит народ кој му рече "стој" на предавничкиот обид за државен удар на Фетулахистичката терористичка организација на 15 јули 2016 година, со милост и благодарност се потсетуваме на сите наши шехиди, цивили, војници и полицајци кои ги положија своите животи за татковината, ја доставуваме нашата благодарност до нашите јуначки газии."



Слични вести