Во операција кај градот Тунџели се неутрализирани 5 мина терористи

Вчера беше реализирана операција во руралното подрачје на населеното место Оваџик кај градот Тунџели во која се неутрализирани 5 мина терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1233808
Во операција кај градот Тунџели се неутрализирани 5 мина терористи

Во реализирана операција во близина на градот Тунџели, во југоисточниот дел на земјата, се неутрализирани 5 мина терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, од страна на градската команда на жандармеријата вчера беше реализирана операција во руралното подрачје на населеното место Оваџик кај градот Тунџели, поддржана од воздух.

Во операцијата беа неутрализирани 5 мина терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во меѓувреме, и во објавеното соопштение од губернијата на градот Тунџели се потсетува дека од страна на градската команда на жандармеријата со поддршка и на воздушните сили е реализирана операција во населеното место Оваџик против група терористи кои се подготвувале за терористички напад при што беа неутрализирани 5 мина терористи.

Во истото соопштение се вели следното: „Операцијата во подрачјето продолжува и јавноста ќе биде информирана во врска со развојот на настаните. Со елан и одлучност продолжуваат активностите за пронаоѓање на терористичките елементи во округот и нивно неутрализирање.“



Слични вести