Претседателот Ердоган: Никогаш нема да се заборави геноцидот во Сребреница
Претседателот Ердоган во својата порака на Твитер по повод 24. годишнина од геноцидот во Сребреница, напиша: „Никогаш во историјата нема да се заборави геноцидот што беше извршен во Сребреница, пред очите на Европа, во кој настрадаа 8.372 невини лица
1234060

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата објава што ја сподели на својата сметка на Твитер истакна дека никогаш нема да се заборави извршениот геноцидот во Сребреница.
Ердоган во својата порака по повод одбележувањето на 24. годишнина од извршениот геноцид во Сребреница, во Босна и Херцеговина, напиша: „Никогаш во историјата нема да се заборави геноцидот што беше извршен во Сребреница, пред очите на Европа, во кој настрадаа 8.372 невини лица. На 24. годишнина од геноцидот во Сребреница, на моите браќа од Босна им посакувам милост од Аллах, го изразувам моето сочувство до босанскиот народ.“
Слични вести
