Потпретседателот Фуат Октај: Геноцидот во Сребреница, црна дамка во историјата

Потпретседателот Октај по повод 24. годишнина од геноцидот во Сребреница на Твитер напиша: „Не ги заборавивме и нема да ги заборавиме оние кои го извршија и оние кои ги затворија своите очи пред овој геноцид, кој што претставува црна дамка во историјата

1234189
Потпретседателот Фуат Октај: Геноцидот во Сребреница, црна дамка во историјата

Потпретседателот Фуат Октај на својата сметка на социјалната мрежа Твитер сподели објава по повод одбележувањето на 24. годишнина од геноцидот во Сребреница.

Октај во објавата напиша: „Со милост се сеќавам на нашите Бошњачки браќа кои беа измасакрирани во Сребреница, во центарот на Европа, пред очите на светот. Не ги заборавивме и нема да ги заборавиме оние кои го извршија и оние кои ги затворија своите очи пред овој геноцид, кој што претставува црна дамка во историјата. Секогаш ќе бидеме покрај нашите Бошњачки браќа, аманетот на Алија (првиот претседател на Босна и Херцеговина легандарниот бошњачки лидер Алија Изетбеговиќ).“

 



Слични вести