Во воздушна операција на областа Хафтанин на северот на Ирак се неутрализирани 15 терористи

Координирано со операцијата „Шепа“ („Pençe“) во северниот дел на Ирак е реализирана воздушна операција на областа Хафтанин во подрачјето, при што се неутрализирани 15 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1233118
Во воздушна операција на областа Хафтанин на северот на Ирак се неутрализирани 15 терористи

Во реализирана воздушна операција на областа Хафтанин во северниот дел на Ирак се неутрализирани 15 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, координирано со операцијата „Шепа“ („Pençe“) која што продолжува успешно во сверниот дел на Ирак, е реализирана прекугранична воздушна операција на областа Хафтанин во подрачјето.

Во операцијата се погодени цели на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои биле користени како наоружана позиција, засолниште и скривница, а се неутрализирани и уште 15 терористи. 

Од друга страна, во рамките на операциите кои што се реализираат за воспоставување на безбедноста внатре во границите на земјата пак, во руралното подрачје на населеното место Лиџе кај градот Дијарбакир, во југоисточниот дел на земјата, се неутрализирани двајца наоружани терористи.

Операциите во подрачјето продолжуваат.



Слични вести