Реакција и од Омер Челик против изјавата на грчкиот министер Дендиас во врска со Источниот Медитеран

Портпартолот на владејачката АК Партија Омер Челик во дадената изјава во Анкара рече: „Грчкиот министер за надворешни работи зборел со стил крајно далеку од стилот со кој треба да зборува еден државник.“

1233468
Реакција и од Омер Челик против изјавата на грчкиот министер Дендиас во врска со Источниот Медитеран

На зборовите на новиот грчки министер за надворешни работи Никос Дендиас во врска со активностите на Турција во Источниот Медитеран, кои пак ги реализира во усогласеност со меѓународото право, една реакција пристигна и од портпартолот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик.

Омер Челик во дадената изјава во Анкара рече: „Грчкиот министер за надворешни работи зборел со стил крајно далеку од стилот со кој треба да зборува еден државник.“

Велејќи дека пријателството на Турција е драгоцено и дека никој не нема претрпено штета од пријателството на Турција туку секој обезбедил полза од тоа, Челик го подвлече следното: „Меѓутоа, грчкиот министер за надворешни работи започна со ваков стил, тоа е крајно жалосно. Ако продолжат со ваков стил резултатите од тоа нема да бидат добри.“

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик нагласи дека до крај се поддржуваат изјавите на надлежните на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во однос на активностите за дупчење (сондажа) во Источниот Медитеран.

„Оние кои создаваат затегнатост, преземаат незаконски дејствија се грчката страна и кипарско-грчката страна. Овој стил всушност е стил за кој што треба да се достави извинување.“ - рече Омер Челик.



Слични вести