Одговор од МНР на Турција: Ги повикуваме САД да избегнуваат од чекори кои ќе им наштетат на односите

Портпаролот МНР Хами Аксој, како одговор на изјавата на портпаролот на Стејт департментот Морган Ортагус во врска со С-400, истакна дека Турција ги повикува  САД да избегнуваат од чекори кои ќе им наштетат на односите

1233434
Одговор од МНР на Турција: Ги повикуваме САД да избегнуваат од чекори кои ќе им наштетат на односите

Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксој одговори со писмено соопштение на едно поставено прашање во врска со зборовите на портпаролот на американскиот Државен Секретаријат Морган Ортагус околу набавката на Турција на противвоздушно одбранбените ракетни системи С-400 од Русија.

Аксој во својот одговор истакна дека ваквата изјава (на Ортагус) не е во усогласеност со содржината и духот на средбата која што претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп ја остварија за време на Самитот на Г-20.

Портпаролот Хами Аксој напомена дека Турција ги Соединетите Американски Држави (САД) да избегнуваат од чекори кои ќе им наштетат на односите.

Велејќи „Јасни се условите кои што ја водеа Турција за набавка на С-400“, Аксој потсети дека на Самитот на Г-20 тоа беше потврдено и од Трамп кој отворено истакна дека не било постапено праведно кон Турција.

Портпаролот на Министерство за надворешни работи Хами Аксој продолжи со следните зборови: „Ние уште од почетокот на процесот ова прашање го водевме транспарентно. За надминување на грижите на САД по прашањето на тоа дека системите С-400 би можеле да им наштетат на системите на Ф-35, предложивме да се формира техничка работна група во која би можело да биде вклучено и НАТО, меѓутоа се уште не можевме да добиеме договор на овој наш предлог. Ја повикуваме американската страна од избегнување од фрлење на погрешни чекори кои би им наштетиле на односите, со исклучување на дипломатијата и дијалогот.“ 

Инаку, американскиот Државен Секретаријат Морган Ортагус изјави дека нема промена во ставот на Стејт департментот по прашањето на купувањето на системите С-400 од страна на Турција и евентуалните санкции.



Слични вести