Ердоган: Не постои никаков проблем со Русија во однос на заедничкото производство на С-400

Претседателот Ердоган истакна дека помеѓу Турција и Русија не постои било каков проблем по прашањето на заедничкото производство на противвоздушно одбранбените ракетни системи С-400

1233386
Ердоган: Не постои никаков проблем со Русија во однос на заедничкото производство на С-400

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на враќање од Босна и Херцеговина каде што учествуваше на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP) во авионот, одговараше на прашањата на новинарите посветени на актуелниот дневен ред.

Ердоган истакна дека помеѓу Турција и Русија не постои било каков проблем по прашањето на заедничкото производство на противвоздушно одбранбените ракетни системи С-400.

Во врска со тврдењата дека во однос на С-400 постои проблем со Русија околу трансферот на технологија, претседателот Ердоган одговори со зборовите: „По прашањето на заедничкото производство ние постигнавме согласност со Путин (рускиот претседател Владимир) уште од почетокот.“

Тој истакна дека оние кои сакаат Турција да се откаже од С-400 изнесуваат такви шпекулативни тврдења.

Појаснувајќи уште еднаш зошто постои потреба од овој систем, Ердоган рече: „Тоа е воздушно одбранбен систем. Ако некои извршат напад врз нас, пред овој напад ние ќе го активираме овој одбранбен систем. Затоа влегуваме во една ваква инвестиција.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган зборуваше и во врска со случувањата во Источниот Медитеран и работите за дупчење (сондажа) кои што се реализираат од страна на турските бродови, при што ја даде пораката нема да се откажат од правата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во регионот.

„Ние таму не сме во обид да водиме активности над нечија зона. Таму ги фрламе нашите чекори за одбрана на правата кои што особено им припаѓаат на нашите турски браќа во Северен Кипар. Во сите зони таму имаат еднакво право луѓето кои живеат на Кипар. И ние работиме за да го одбраниме тоа нивно (на кипарските Турци) право.“ - порача Ердоган.

Претседателот Ердоган беше запрашан и за тоа дали ќе се водат нови преговори со Европската унија (ЕУ) по прашањето на бегалците.

Тој напомена дека по ова прашање треба да се види каков ќе биде приодот на новите раководители во Европската унија (ЕУ).



Слични вести