Турските морнари кои беа држени од страна на силите на Хафтар во Либија се вратија во Турција

Турските морнари (работници) Онур Чакир, Мехмет Јилмаз Одабаши, Ејуп Ерјилмаз, Неџметтин Демирхан, Ерен Чакир и Бирол Кутлу, главниот град на Либија, Триполи, со авион дојдоа во Истанбул.

1232969
Турските морнари кои беа држени од страна на силите на Хафтар во Либија се вратија во Турција

Шесте турски државјани морнари (работници) кои пред извесно време беа држени од страна на силите на Халифа Хафтар во Либија и потоа беа ослободени, се вратија во Турција.

Турските морнари (работници) Онур Чакир, Мехмет Јилмаз Одабаши, Ејуп Ерјилмаз, Неџметтин Демирхан, Ерен Чакир и Бирол Кутлу, главниот град на Либија, Триполи, со авион дојдоа во Истанбул.

Морнарите на Истанбулскиот аеродром беа пречекани од страна на нивните семејства и претставникот на Министерството за надворешни работи во Истанбул амбасадорот Мурат Тамер.

Овде турските морнари дадоа изјава за новинарите при што им се заблагодарија за поддршката и напорите за нивното ослободување, особено на претседателот, министерот за надворешни работи и на амбасадорот на Турција во Либија.

Шесте турски морнари кои беа држени од страна на силите на Халифа Хафтар во Либија, беа ослободени на 1 јули.



Слични вести